На патниот правец Кичево – Охрид, поточно на делницата Пресека – село Врбјани денеска од 12 до 15 часот, сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 до 20 минути поради градежни активности на патот.
Авто мото сојузот на Македонија утрово информира дека на останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по сува коловози.
На граничните премини нема подолги задржувања, освен на Ќафасан каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.