Од утре попладне се очекува нестабилно време во Македонија. Нестабилното време ќе биде проследено со облачност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува Славчо Поповски.
Под влијание на висински циклонски систем од утре попладне, па во следниот период следува значително понестабилна атмосфера па така особено од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално поради големата енергија која ќе ја има во атмосферата процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во незначително опаѓање што значи топлото време со летни температури и понатаму продолжува.
Во текот на следниот период во случај на појава на електрични празнења се препорачува да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја поради тоа што и тоа како атмосферата е загреана и исполнета со енергија поради топлотниот бран што изминативе денови ја зафати нашата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.