До сабота поради влијанието на студената воздушна маса, разведрувањето и снежната покривка која ја има во поголем дел од земјава, утринските температури ќе бидат значително ниски за овој период од годината. Утре ќе бидат во интервал од -9 до -1, во сабота од -6 до 0, а од недела ќе бидат во позначителен пораст.

Прогноза за 27.03.2021

Минимална температура: -6°C до 0°C

Максимална температура: 10°C до 17°C

Преку денот сончево и потопло. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Прогноза за 28.03.2021

Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 12°C до 19°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 29.03.2021

Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 21°C
Сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 30.03.2021

Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Сончево со умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.