Денеска е Св. маченици Ермил и Стратоник.

Овие двајца маченици пострадаа во близина на Сингидунум, денешен Белград, во 315 година. Свети Ермил бил ѓакон кој многу се прославил со добродетелниот живот. Штом чул за него, императорот Ликиниј наредил да го затворат. Ноќта во затворот стражарот Стратоник го видел Ермила како разговара со еден ангел, по што се обратил и поверувал во Христа. Наредниот ден Ермил бил ставен на маки. Гледајќи како го измачуваат, Стратоник не можел да ги задржи солзите, со што било откриено неговото обраќање. После жестоко измачување и двајцата биле удавени во Дунав.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.