Поради одржување на спортско-рекреативната трка „Прв до врв“ денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

Трката започнува во 09:45 часот пред Музејот на Град Скопје. Трасата за велосипедистите оди по улицата „Св. Кирил и Методиј“, лево по булеварот „Св. Климент Охридски“, во продолжение по булеварот „Мајка Тереза“, лево по улицата „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно – „Милениумски крст“, додека трасата на движење на планинарите почнува од пред О.У.„Кочо Рацин“, на булеварот „Мајка Тереза“, право по улицата „Тодор Александров“ и кај улицата „Салвадор Аљенде“ десно, по планински патеки кон Средно Водно, и потоа кон врв на Водно.

Во временскиот период додека се одржува трката, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива трката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.