Патниот правец Велес – Скопје (по Обиколница) кај Хиподром е блокиран поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.