Стариот патен правец од Охрид кон Струга (П1208) во текот на утрешниот ден во периодот од 6 до 15 часот ќе биде затворен за сообраќај.
Причина за затворањето е што ќе се снимаат сцени за играниот филм „Преекспонирано“ во продукција на „ДНФ Филмс“.
Филмот е во режија на Елеонора Венинова и е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија. Деновиве снимањето се одвива на локации во Охрид и неговата околина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.