Од делчевската подружница на ЈП „Македонија Пат” информираат дека до отстранување на проблемот, возачите од Делчево и Македонска Каменица кои имаа потреба да патуваат кон Скопје, тоа ќе треба да го направат преку алтернативните патни правци.
-Ги известуваме возачите дека поради ситуацијата со одроните, сообраќајот за лесни возила кои сообраќаат од Делчево и Македонска Каменица кон Скопје се преносочува преку патниот правец Делчево – Бигла, додека за тешки товарни возила и автобуси сообраќајот е пренасочен преку патот Делчево – Берово, изјави Влатко Цоневски од делчевската подружница на „Македонија пат”.
Патот Делчево – Македонска Каменица, како што додадоа од „Македонија пат” е чист и за возачите кои сообраќаат на овој пат нема забрани за движење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.