Поради појава на магла намалена е видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 20 до 30 метри, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.