Времето денеска претпладне беше сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура е во интервал од 27 до 35 степени Целзиусови. УВ-индексот е 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Попладне кон
планинските делови со услови за краткотрајна нестабилност. Tемпературата се очекува да достигне до 29 степени Целзиусови.
Од утре ќе биде претежно стабилно и сончево со слаб до умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието ќе засилува во среда и четврток. В среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро, особено во посеверните делови ќе биде посвежо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.