Од УХМР најавуваат дека попладнево ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер претежно во источните, а кон крајот на денот и во северните делови

Според УХМР, утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, а во западните делови и засилен ветер од западен правец. Попладнето ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.