Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Преодно стабилизирање ќе настапи во деновите од викендот, а нови пообилни врнежи се очекуваат во првите два дена од следната седмица. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.