Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени Целзиусови.
Во наредните демови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.