Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Од утре до среда под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.