Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени Целзиусови.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.
Од понеделник следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.