Времето претпладнево е сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални умерени до повремено поројни врнежи од дожд. Особено долж Повардарието ќе има појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Утринската температура се движи од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен умерен до пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Утринската температура се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20л/м2), проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер.

Во недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер (над 60 км/час), а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури особено во северните делови позначително ќе опаднат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.