Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, во согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 8 септември 2019 година (недела), Денот на независноста, односно 9 септември 2019 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста.
Породолжен викенд ќе имаме и откако 11 октомври, Денот на народното востание, кој паѓа во петок ќе се спои во викендот кој следува, па ќе можеме повторно да одмориме.
Останати неработни денови се:
11 октомври (петок), Ден на народното востание,
23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден
За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.