Другари и другарки, ве молам денес ако можете да отворите очи и доколку ја видите жената на сликава да и се јавите на Сашка на 078 222 413.
Ова е мајка и на Сашка, се вика Сирма. Живее во Козле, и излегла денес од дома околу 12.00, а не го земала телефонот со неа. Сашка и маж и веќе се излезени и ја бараат, не е во маало ни во околина, се сомневаат дека можеби тргнала за Гостивар (по потекло е од таму).
Не знам кои други инструкции да ви ги дадам освен да отворите очи, ако има нешто друго плус, ќе ви пишам – пишува во објавата на Фејсбук, упатена до јавностa во очаен обид да се најде жена на која и е изгубена трагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.