Во последната недела од овој месец, односно следниот викенд помеѓу 29 и 30 март започнува летното сметање на времето што значи стрелките на часовниците одат еден час нанапред.

Со поместување на стрелките на часовниците во недела на 29 март во 02:00 часот по полноќ ќе се смета како да е 03:00 часот.

Со ова ќе имаме еден час помалку за спиење.

Инаку со 384 гласа за пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинување на летното и зимско сметање на времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците го покрена Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.