До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните предели ќе има мали услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 21 до 28 степени, додека во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.
Потоа за време на викендот времето кај нас ќе биде сончево и топло со умерена, локално и повремено и позначителна облачност. Ќе има услови и за ретка појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во попладневните часови.
И за време на викендот ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат релативно високи ( КАСНО ЛЕТНИ) и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.
Одсега гледано, УШТЕ ПОТОПЛО ќе биде следната седмица, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.