Во западниот дел на земјата во текот на ноќта утрово се регистрирани два земјотреса, од кои и двата со епицентар во близина на Маврово.
Првиот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се случил во 3 часот по полноќ со магнитуда од 3 степени според Рихтер на длабочина од 2 километри, 15 километри југозападно од Гостивар, со епицентар во Маврово.
Вториот послаб земјотрес е регистриран 6,15 часот со магнитуда од 2,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар исто така во Маврово на длабочина од 10 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.