Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер.
Минималната температура е во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне магливо, попладне маглата ќе ослабе и ќе биде претежно сончево. Минималната температура се спушти до -1, а максималната ќе достигне 14 степени Целзиусови.
Во вторник и среда ќе преовладува облачно време, од среда и постудено. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има повремени врнежи од дожд, кои во јужните делови ќе бидат пообилни .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.