Циклонот Роберт ќе влијае на времето во Македонија некаде до четврток по што следува голема промена на времето. Станува збор за стабилизирање на атмосферата и престанок на врнежите насекаде низ држвава а поради продор на потопл воздух од југ преку ден ќе имаме и значително повисоки температури на воздухот кој насекаде ќе се искачуваат над 20 степени додека во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 30 степени и истите ќе бидат над просекот за крајот на месец септември.

Се на се уште сега може да се планира викендот кој што ни доаѓа за прошетка и излет на отворено поради тоа што не очекува стабилен, сув, сончев и топол викенд.

За подетални метео информации посетете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.