Веќе утре, особено од доцните претпладневни часови па натаму нашата територија ќе биде зафатена од нова влажна и нестабилна воздушна маса. Оваа влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе услови нестабилно време со пороеон дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите има услови повторно да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, кој особено на југозапад ќе засилува на интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени.

Нестабилна локална облачност, особено во попладневните часови ќе има и во текот на следните денови, особено до четврток проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.