На Плетвар лошите временски услови направија хаос. Имаше застој, особено за тешките товарни возила.

Застојот започна уште во 16 часот, кога сообраќајот бил запрен за да помине државна делегација.

Тогаш проблем беше запрените, особено тешки товарни возила, да се стават веднаш во сообраќај, па мораше дополнително на коловозот да се фрла сол за да се стават во сообраќај тешките товарни возила- изјави Љупчо Блажески, раководител на пунктот Плетвар на „Македонија пат“.

Возачите на запрените тешки товарни возила чија колона беше долга до влезот на градот, изјавија дека околу половина час чекаат да им биде дозволено од полицијата да поминат.

Заглавени беа повеќе од 50 камиони.

Сепак последните информации говорат дека сообраќајот на овој патен правец е нормализиран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.