Зимата без многу ниски температури и без снег, многумина остави во дилема дали ќе имаме ледена пролет, но и какво лето не чека.
Метеоролозите тврдат дека е рано за пакување на зимската гардероба, но и дека е рано да се зборува за летни месеци.
Најпознатиот метеоролошки сајт Акуведер најавува продолжување на потопло време од поросекот во цела Европа, така што од остриот продор на ладен воздух не би требало да стравуваме. Многу подрачја од март до јуни, односно 3 пролетни месеци ќе ги следат долготрајни периоди на суво време, но ќе има и кратки периоди на нестабилност со чести бури.
Веќе во мај делови на Шпанија и Португалија ќе имаат вистински летни температури со поголем број на денови со температури над 32 степени, а во некои микролокалитети би можело да се измерат и 37 степени, така што топлото време брзо ќе се претвори во неподнослива жештина.
Единствен дел на Европа каде се очекуваат просечни врнежи е Балканскиот полуостров, предвидуваат во Акуведер. Најдождлив дел од пролетта ќе биде неговиот прв дел, посебно март и април кога се очекува зголемен број на средоземни циклони.
Невремето кое се очекува во овој регион од втората половина на април и мај, ќе донесе многу грмежи, а можни се и силни ветрови, кои локално можат да предизвикаат штета.
Иако локално ќе се закануваат поплави, дождот добро ќе дојде пред летните месеци кога постои зголемена можност од долготрајна суша. Во март може да има обилни снегови кои изостанаа зимава. Пролетниот снег може да предизвика проблеми во сообраќајот.
Вториот дел од пролетта би требало да донесе помирно и стабилно време со повиски температури на водухот од просекот од Италија до Романија, се до Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.