Уште на самиот почеток од следната недела југозападните, западните и централните предели на Европа повторно ќе бидат на удар на екстремно топла воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка и ќе услови екстремно високи температури на воздухот кој особено во југозападните предели од Европа поточно во Шпанија и Португалија температурите на воздухот ќе се искачат дури до околу 45 степени – соопштува Славчо Попоски.
Кај нас пак и натаму ќе имаме далеку пониски температури на воздухот иако ќе бидат типично летни и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени што значи дека Македонија не очекува и понатаму некој екстремни температури, а така би требало да биде се до крајот на ова лето, и во текот на следниот месец не очекуваме некој екстремно високи температури, дури има услови температурите на воздухот да бидат под просекот, односно да биде посвежо од вообичаеното.
Понатаму следува период на претежно стабилно и суво време без врнежи, времето ќе биде сончево со сосема мала локална облачност. УВ индексот ќе има и понатаму екстреман вредност и ќе изнесува 11, поради што се советува заштита од лошото влијание на сонцето и да се пие се повеќе течности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.