Последниот ден од ноември го донесе и првиот снег, иако календарски зимата сè уште не започналa.
Поради продор на студена воздушна маса претпладнево дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд во Битола и во Охрид преминаа во снег.
Според УХМР, поради разведрувањето во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.
Од 9:40 часот утрово, пак, поради временските услови, од АМСМ информираат дека забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.