Денеска во Македонија ќе провладува облачно време со врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат поројни и на места со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во северозападните и источните делови од државата.

Поради продор на студена воздужна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер, локално и над 65 км/час, што ќе услови нагло намалување на дневните температури за седум до девет степени Целзиусови.

Минималната температура е во интервал од 3 до 7, а максималната ќе биде од 5 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје, облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во околните повисоки предели врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени Целзиусови.

Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во вторник во текот на денот ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.