Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07), Министерството за труд и социјлана политика го објави календарот на неработни денови за 2021 година.

За сите граѓани на РМ:

1 јануари (петок), Нова Година

7 јануари (четврток), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар

1 мај (сабота), Ден на трудот

3 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители

2 август (понеделник), Ден на Републиката

8 септември (среда), Ден на независноста

11 октомври (понеделник), Ден на народното востание

23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба

8 декември (среда), „Св. Климент Охридски“

За граѓаните од православна вероисповед:

6 јануари (среда), Бадник, ден пред Божиќ

19 јануари (вторник), Богојавление (Водици)

30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

5 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

1 ноември (понеделник), Празникот на сите светци

25 декември (сабота), првиот ден на Божиќ

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

 

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ: 27 јануари (среда), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (недела), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.