Членовите на ловното друштво “Острец” од Делчево денеска на планината Голак имаа плоден ловен ден, соопшти порталот Брегалнички.мк.
Од страна на една од подобрите ловечки дружини на ловното друштво во месноста викана “Старата река” беа отстрелани 7 возрасни диви свињи што го чини денешниот ловџиски ден особено успешен.
Ловното друштво “Острец” успешно егзистира повеќе години наназад на ловишта во регионот на Пијанец со реализација на редовни и вонредни активности од нивниот ловџиски календар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.