Се уште е во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, што беше воведена завчера во 22 часот, а за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози .

Од АМСМ предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Потсетуваат и на законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.