Денеска започна украсувањето на Охридското пристаниште и крајбрежниот потег, по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Екипи на јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, ги украсија канделабрите и оградите на пристаништето со зеленило од растенијата чемпрес и принус.

Организаторите најавија дека во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени верски знамиња и украсни знаменца во чаршијата и на улиците во централниот дел на градот, кои водат кон градското пристаниште.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.