На автопатот Скопје-Велес, попладнево околу 13:30 часот, на четири километри пред наплатната станица Сопот се случија одрони на карпи поради дождот и лизгавиот терен. Одроните од карпите над патот се излизгале под заштитната метална ограда на еден дел од коловозната лента на автопатот, отежнувајќи го одвивањето на сообраќајот.

Полицијата го регулира сообраќајот и колоната од возила која се направи поради застојот. На местото пристигнаа и работни екипи со механизација на ЈП за одржување на патишта „Македонија пат“ кои работеа на расчистување на карпите и брзо оспособување на едната коловозна лента на автопатот Скопје-Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.