Денеска по сончевото и топло претпладне, попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе започне да дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе се задржи и во текот на ноќта, информираат од УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.
Во Скопје претпладне сончево, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен ветер од северен правец.
УХМР информира дека од утре температурите ќе паднат од 7 до 10 степени поради засилен северен ветер вдолж на Повардарието. Утринските температури од понеделник на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст, велат од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.