Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо, а во утрински часови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе има слично време со температура од седум до 18 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. В среда ќе биде малку до умерено облачно и потопло со слаб до умерен јужен ветер, со максимална температура од 16 до 23 степени. В четврток ќе биде променливо облачно и малку потопло. Максималната температура ќе се движи од 19 до 26 степени.

В петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 14 степени, а максималната од 18 до 25 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.