Драстична промена на временските услови следува низ земјава во петок, кога Макеоднија ќе ја зафати поларен руски бран. Според прогнозите на Славчо Попоски, температурите ќе бележат пад 10 до 15 степени.

Во петок ќе дува засилен северен ветер. Ќе има локални врнежи од дожд и снег само на планините, а веќе во текот на ноќта кон сабота локални врнежи од снег ќе има и на пониските места. Врнежите ќе бидат претежно со слаб интензитет, но ќе продолжи да дува силен ветер од северен правец, кој ќе достигне до 80 км/час.

Според Попоски, особено студен ден ќе имаме во сабота кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени додека поради разведрувањето многу студено утро ќе имаме во недела со минамални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -4 степени додека на некои места истите има услови да се спуштат и до околу -15 степени.

Овој бран ќе се задржи и на почетокот од следната недела.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.