Денеска времето ќе биде променливо облачно, попладне најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во источните делови засилен јужен и југоисточен ветер.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 23 Целзиусов степен, Маврово 13, Охрид 19, Битола 21, Кавадарци 24, Крива Паланка 20, Берово 19, Дојран 25 степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе се движат од 12 во Маврово, Скопје 20 и 22 степени во Дојран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.