Времето денеска ќе се карактеризира со појава на магла и значителна ниска облачност претпладне по котлините, а во западните делови ќе има услови за слаб дожд, информираат од УХМР.
Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер кој преку ноќта во овој регион ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне умерено облачно со слаб до умерен северен ветер кој ќе продолжи и преку ноќта.
Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.