Претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните краеви каде повремено ќе бидат поројни и каде локално ќе наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16, а максималната од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната до 18 степени.
Ваквото време ќе се задржи до петок кога претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи постепено стабилизирање на времето.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.