Времето денеска ќе биде претежно облачно и значително посвежо со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје, како што соопшти УХМР, ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од утре ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната седмица ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.