И денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално особено на југоистокот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од северен, а во југозападните делови од југозападен правец.
Дневните температури ќебидат во Скопје 10 Целзиусови степени,Маврово 5, Охрид 10, Битола 12, Крива Паланка 9, Берово 10, Кавадарци 13, Дојран 16 степени.
Прогнозата и за утре е претежно облачно и свежо, во источните делови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 5 до 12 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.