Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 31 степен.
Во Скопје и околината променливо облачно со дожд и грмежи и утринска температура до 14 степени, а дневна до 28 степени. Во Маврово 19, Охрид 23, Битола 27, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 30, Дојран 31.
Утре ќе имаме сончево време со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневните температири ќе се движатод 17 до 29 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.