Продолжува нестабилното време со повремени краткотрајни локални поројни врнежи од дожд, на места во вид на невреме придружувани со засилен ветер и појава на град, информираат од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи.
Најавуваат дека на места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата и појава на одрони и свлечишта. Можна е и појава на течење и слевање на вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интензивни врнежи од дожд.
За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање. Ваквото нестабилно време со поројни врнежи од дожд се очекува да трае до вторник, кога се очекува стабилизирање на состојбата -соопштија од УХРМ.
Оттаму предупредуваат на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во наредните денови, особено за време на попладневните часови од денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.