Веќе традиционално, втора година по ред и овој декември на 27-ми, 28-ми и 29-ти поголем број ресторани и кафетерии ќе се трансформираат во „Место со срце“ и ќе бидат дел од Новогодишната кампања на СОС Детско село Македонија.
Нивната цел ќе биде во овие празнични денови да се поттикне хуманоста, подарувањето радост и Скопје да се исполни со новогодишен дух.
Со испиеното кафе во локалите кои се дел од ,,Место со срце,, или со нарачување оброк Вие ќе ја дадете вашата поддршка на децата и младите без родителска грижа и оние кои се во ризик да ја загубат грижата од своите родители, соопштуваат од СОС Детско село.
Минатата година, како што информираат, благодарение на сите кои се вклучија во „Место со срце“ за СОС Детско село беа собрани околу 130.000 денари. Средствата беа наменети за едукативниот процес на повеќе од 150 деца и млади, без родителска грижа и социјални ризици, на училишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.