Денеска околу 4.00 часот наутро бил почувствуван земјотрес со 2,3 степени по рихтеровата скала во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран на 13 километри северозападно од Пехчево.

Земјотресот е регистриран од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.