Од утре почнува летното сметање на времето, затоа не заборавајте дека во 2 часот, стрелките на часовникот ќе одат еден час напред, односно 3 часот.
Со тоа и официјално почнува летното сметање на времето, и ќе трае до последната недела од октомври.
Некои научници сметаат дека поместувањето на стрелките од часовникот, предизвикуваат стрес кај одредени луѓе, особено оние кои се со хронични болести.
Европската комисија пред неколку денови донесе одлука со која од 2021 година се укинува поместувањето на стрелките на часовникот. Тоа веќе го има воведено Турција која што веќе три години не го менува времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.