Времето во текот на ноќта и изутринава беше облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Дуваше умерен ветер од јужен, а на планините од југозападен и западен правец. Утрово е претежно облачно, а локален дожд има во западните делови од земјава.
УХМР јави дека времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, доцна попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.