Во Берово изутрина во седум часот температурата изнесувала еден степен под нулата, а во Маврово нула степени. Еден степен е регистриран во Лазарополе, два во Битола, три во Дебар, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово и Демир Капија, четири во Охрид, Претор, Прилеп, Струмица, Крушево и Куманово. Пет степени изнесувала температурата во Скопје-Зајчев Рид и Штип, гевгелија шест, Виница осум , а во Дојран десет, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Изминатата ноќ времето беше претежно ведро, со слаб ветер од јужен правец. Во Струмица има појава на магла.
Според најавата од УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 16 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.