Попладнево речиси сите патни правци низ земјава се со снежни наноси. На автопатот „Пријателство“ никаде немаше камионите кои фрлаат песок. Од Гевгелија до втората наплатна рампа кај Велес во двата правци нема ниту едно возила за чистење на патот.

Директорот на ЈП „Македонија пат“ Гајур Кадриу вели дека е нормално да има снег на патиштата кога постојано врне, и дека никаде во свет нема да видите чист автопат додека траат врнежите. Но, доколку два-три часа откако ќе престане да врне, патиштата се со снег, тогаш значи не се работи, вели тој, објави СДК.

Кадриу вели не е точно дека не се фрла песок, односно дека во моментов 170 камиони се на терен а на автопатот „Пријателство“ нон-стоп вртат 4 камиони.

Се чисти, кога врне снег патот треба да е прооден, а не да нема воопшто снег. Тоа го нема никаде, во ниту една земја. Треба граѓаните да се добри шофери, да имаат добри гуми и опрема и нема да имаат проблем. Еве јас сега возам накај Тетово со 100 километри на час оти е чист автопатот – објаснил директорот Кадриу за СДК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.